Уникатен примерок за „Пушкаш“ – Голманот ја местеше одбраната и го прими најчудниот гол од корнер (Видео)

Еквадорскиот репрезентативец Дамијан Киту Дијас постигна ретко виден гол од корнер, што е уникатен примерок и за наградата „Пушкаш“, која ја доделува ФИФА за најубав погодок на сезоната.

Играчот на Барселона од Гвајакил забележа дека голманот на уругвајски Вондерерс, Игнасио де Араубарена, е невнимателен и итро со фелш удар по земја му ја затресе мрежата директно од корнер.

Аруабарена ги местеше соиграчите во одбраната и кога веќе забележа дека Дијас го изведе корнерот на необичен начин, беше доцна да реагира и да спаси предност од 4:1 на Барселона во меч од првото коло во групната фаза во Копа Судамерикана.

Barcelona [4] – 1 Wanderers – Kitu Diaz 54′ Olympic goal (Great Goal) from soccer

Интересно е што Дијас само 180 секунди пред чудниот гол од корнер промаши пенал за домаќините, кои стартуваа со победа во А групата, во која покрај нив и Вондерерс, играат и Ланус од Аргентина и Метрополитанос од Венецуела.

 

 

- Оглас -

Најнови вести