Стадионот „Велодром“ во Марсеј е едно од култните места во светскиот фудбал, а и навивачите на Олимпик Марсеј се познати како едни од најверните и најдобри во најважната споредна работа на светот.
Вчера покажаа дека знаат и да се забавуваат и покрај тешкиот пораз од Ница од 1:3 на домашен терен, со што речиси сигурно отпаѓаат од трката за титулата со Пари Сен Жермен.
Марсеј по 22 кола е на делба на второто место со Ленс и двете екипи имаат по 46 бода, 8 помалку од лидерот и актуелен шампион Пари Сен Жермен.
Предноста на ПСЖ е голема и тешко се надоместува, а навивачите на Марсеј и во таква ситуација приредија одлична журка на „Велодром“.
https://twitter.com/sportbible/status/1622592725890609155?s=20&t=WYtCwShrzXTaSd6EKY2glA