Уникатно: Атлетската патека за ЛОИ во Париз ќе ја менува бојата

Организаторот на Летните олимписки игри е во завршна фаза од подготовките за најголемиот светски спортски настан кој ќе се одржи оваа година во Париз. На ред дојде и атлетската патека, која за овој настан ќе биде навистина уникатна.

Домаќинот се одлучи основната боја на тартан-патеката да биде виолетова, а бојата ќе се менува зависно од дисциплината. За тракчите дисциплини бојата ќе биде темновиолетова, а за техничките светловиолетова.

На крајот бојата комплетно ќе биде променета и ќе стане сива во чест на Олимпијадата во 1924 година, која се одржала исто така во Париз.

Ова ќе биде прв и единствен ваков случај во историјата на атлетиката и на Олимписките игри.

- Оглас -

Најнови вести