Уникатно: Мец ќе игра во дресови со ликови од навивачите (Видео)

Францускиот фудбалски клуб Мец ги престави новите гостински дресови за сезоната која следи, а се посебно интересни. Од Мец решија дека треба на симболичен начин да дадат почит кон нивните навивачи, па затоа на овој дрес доминираат навивачки мотиви.

Белиот дрес за гостувања е украсен со водени жигови од фотографии на навивачи кои се со подигнати раце или како држат шалови, а на знамињата се испишани имињата на двете најголеми навивачки групи кои со години ги следат настапите на Мец.

„Тие секаде се со нас. Затоа дизајниравме дрес кој ќе оддаде силна почит кон нашите навивачи“, велат од Мец.

Мец се избори за враќање во фудбалската елита на Франција, откако во баражот за место во Лига 1 го победија Ремс. Новото француско првенство започнува во средината на август, а во првото коло на свој терен ќе играат против Стразбур.

- Оглас -

Најнови вести