Астон вила – Дерби каунти (16 ч.)
Ова е мечот да се биде или не за двата клуба. Еден дуел, кој решава кој ќе игра во Премиер лигата следната сезона. „Вембли“ е местото за мегдан. Тоа воопшто не му одговара на Астон вила, бидејќи тимот од Бирмингем загубил на пет од шесте средби кои ги играл на најголемиот стадион во земјата.
Сепак, во корист на Астон вила е фактот дека сезонава два пати убедливо го победи Дерби (3:0, 4:0), па затоа и сега се фаворити. Овој меч го има епитетот за најскап во историјата на фудбалот. Покрај битката на теренот, ќе има и борба на двете клупи, бидејќи тренер на Дерби е Франк Лампард, а помошник тренер на Астон вила е Џон Тери.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.45) – квота на денот во Sport Life
Унион Берлин – Штутгарт (20:30 ч.)
Унион Берлин е со големи шанси за влез во Бундес лигата. Тимот од главниот град на Германија, вечерва на свој терен треба да прослави место во елитата против Штутгарт. На првиот меч Унион Берлин покажа дека има квалитет за место меѓу најдобрите и одигра 2:2.
Кога игра пред своите навивачи Унион Берлин како да има создадено бастион. Во 17 меча победи 11 пати, пет пати ремизираше, а загуби само еднаш. Од друга страна, Штутгарт во текот на целата сезона, само еднаш се израдува на гости. Иако делува дека Штутгарт нема сили, никогаш не смее да се потцени противникот, па затоа се очекуваат погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.20) – квота на денот во Sport Life
Ла Коруња – Мајорка (21 ч.)
Битка на два тима кои сакаат да играат во плејофот за пласман во Примера дивисион. Ла Коруња заостанува три бода зад Кадиз кој е на последното шесто место кое обезбедува плејоф. Мајорка е во подобра ситуација. На гостите им е доволно вечерва да не загубат и со еден освоен бод, сигурно ќе бидат во плејофот.
Ла Коруња на свој терен нема победа веќе четири месеци и домаќините се надеваат дека токму вечерва ќе ја прекинат таа лоша низа.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.10) – квота на денот во Sport Life
САД У20 – Нигерија У20 (20:30 ч.)
Нигерија секогаш имала добри таленти кои преку младинските првенства се промовираат и подоцна стануваат ѕвезди во Европа. Во првото коло од Мундијалот за играли до 20 години, Нигерија лесно со 4:0 го победи Катар и сега треба да победи барем уште еднаш, за сигурен влез во нокаут фазата.
САД беше фаворит против Украина, но загуби со 2:1 и сега мора да се „вади“. Американците сигурно ќе играат отворено, па затоа најдобро е овој дуел да се игра на голови.
Предлог тип: 1-3&1-3 (1.75)
Хонка – Лахти (17:30 ч.)
Во Финска тек сега започнуваат возбудувањата во првенството, каде има поминато неколку кола. Двете екипи негуваат сосема различен стил. Хонка игра офанзивно и дава и прима многу голови, додека главна цел на Лахти е да не загуби. Токму затоа гостите имаат и дури пет нерешени средби во осум дуели.
Традицијата вели дека на седум од последните осум меѓусебни средби немало повеќе од два погодоци.
Предлог тип: 1Х&1-3 (1.66)