Универзитатеа Крајова сепак куртули од најлошата можна казна, службен пораз со 0:3 во реванш мечот против Хонвед и ќе игра со АЕК Атина во квалификациското полуфинале за настап во Европа Лигата.
Казната од УЕФА е 3 меча без публика и парична глоба од 60 илјади евра, по прекинот во 119. минута на реванш дуелот со Хонвед. Во претпоследната минута од продолжението главниот судија Арнолд Хантер беше погоден со запалка, што долета од трибините. Можеше да биде уште полошо за Хантер, бидејќи непосредно до него слета факел од трибината со навивачи на Универзитатеа.
https://twitter.com/AlecsStam/status/1157032160978788353?s=20
Ирецот не можеше да продолжи да суди, па беше заменет со четвртиот арбитар на мечот против Хонвед. Романскиот тим успеа да се пласира во следната рунда по подобро изведување на пенали, но во четврток нема да ја има поддршката од својата публика и ќе игра пред празни трибини против АЕК.
Казна од УЕФА ќе има и за Агим Ибраими, по ударот со глава за судијата Јан Грифит на реваншот меѓу Дуделанж и Шкендија, а и Шкупи веројатно нема да куртли од сакции од УЕФА. Навивачите на Шкупи фрлаа тврди предмети од Северната трибина на националната арена „Тодор Проески“ на терен, по завршувањето на реваншот со Пјуник.