Уплатата ја множите со 65 доколку ги одиграте петте меча од Квотите на денот на еден тикет (Фото)

Пет натпревари со одлични квоти се дел од понудата на Sport Life со Квотите на денот. Два натпревари се од квалификациите за Лигата на шампионите, еден од квалификациите за Конференциската лига, како и по еден од првенствата на Финска и Египет. Искомбинирани на еден тикет, петте натпревари прават квота од 65.4.

Казахстанската Астана како фаворит влегува во дуелот против шампионот на Грузија, Динамо Тбилиси, и се очекува да забележи победа на првиот квалификациски натпревар. Предлогот вклучува да биде постигнат и најмалку еден погодок во првото полувреме. Квотата за оваа игра е 2.45.

Екипата на Интер Турку како благ фаворит влегува во дуелот од финското првенство против ВПС. Токму затоа предлог за овој натпревар е да се одигра двојна шанса на домашната екипа, која треба да постигне и најмалку два погодоци на овој дуел. Квотата за овој натпревар е 2.15.

Погодоци се очекуваат на натпреварот помеѓу шампионите на Романија и Молдавија, Фарул Костанца и Шериф Тираспол. Предлогот за овој меч е да се одигра дека во двете полувремиња ќе бидат постигнати помеѓу еден и три гола, а квотата е одлична 2.40.

Единствениот дуел од Конференциската лига во оваа понуда е оној помеѓу Ф91 Дуделанж од Луксембург и Сент Патрикс од Ирска. И тука се очекуваат погодоци, и тоа најмалку еден во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар. Квотата за оваа игра е 2.30.

Последниот натпревар од понудата е од првенството на Египет. Домашниот Ал-Итихад а благ фаворит против Ал-Мокавлон и токму затоа предлогот е да одигра двојна шанса на домашната екипа и на мечот да не бидат постигнати повеќе од два погодоци. Квотата за овој натпревар е 2.25.

- Оглас -

Најнови вести