Манчестер сити не се откажува од Меси, волшебникот ќе биде бесплатен подарок

Челниците на Манчестер сити и особено Пеп Гвардиола не се откажуваат од мисијата да се деонесе Лионел Меси на „Етихад“, а сосема можна варијанта е тоа да се случи идното лето и тоа бесплатно.

Меси и покрај огромното незадоволство од раководството на Барселона што и јавно го искажа, сепак остана во клубот, но има договор што важи само уште една година.

Барселона се обиде да издејствува да се активира клаузулата од 700 милиони евра, ако Меси заминеше ова лето од клубот, па дојде и до спор меѓу двете страни.

Меси загуби, одлуката на шпанската федерација беше дека не може да си замине како слободен играч, иако има и таква клаузула да може да си оди една година пред истекот на договорот, но не и во клуб од Европа, па малиот волшебник остана во Барселона.

Манчестер сити одлучи да чека уште едно лето, но не се откажуваат од планот да го ангажира 33-годишниот офанзивец од Аргентина и ќе може да го добие бесплатно во јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести