Управата на Јунајтед собира кредити кај навивачите: Нема да го повтори срамниот потег на Ливерпул

Ливерпул си ја наруши репутацијата со тоа што ги отпушти вработените за време на пандемијата со Коронавирусот иако европскиот првак само пред два месеца објави профит од 45 милиони евра. Тоа го направи и актуелниот европски вицепрвак Тотенхем, а примерот го следеа и Њукасл, Борнмут и Барнли, кои работниците ги оставија на милост на британската Влада.

Сепак, вакви мерки нема да преземе Манчестер јунајтед. Управата одлучи да ги задржи вработените во овој кризен период, па на тој начин си собира кредити кај навивачите, иако во изминативе години се на удар на критики поради лошото раководење со клубот.

Црвените ѓаволи не сакаат да трпат слични критики како и нивниот лут ривал, па затоа им гарантираат на вработените дека ќе ги задржат местата за кои се троши околу еден милион фунти годишно во плати.

 

- Оглас -

Најнови вести