Ливерпул фатен во офсајд – Европскиот првак ја користи шемата за помош од Британската влада

Ливерпул ќе ја користи мерката на Британската влада, која ќе им плаќа по 80 посто од платата за сите работници што останаа без работа во месеците во кои има криза со Коронавирусот.

Се уште актуелниот европски првак и лидер во Премиерлигата ги отпушти сите вработени во клубот и веднаш се најде на мета на остри критики.

Лошото за Ливерпул е што пред само два месеци ја објави финансиската состојба која е одлична и покажа дека е остварен профит од околу 45 милиони евра. Вкупниот обрт е високи 550 милиони евра, а што е најлошо само на менаџери кои застапуваат играчи им има исплатено цели 45 милиони евра.

„Разочаран сум од клубот. Како дојде до ситуација да не отпушти и да користи владини мерки, а оствари профит што се мери во милиони фунти. Парите што ги одреди Британската влада како помош на работниците требаше да ја користат тие области што навистина се загрозени. Бројките покажуваат дека Ливерпул е далеку од загрозен со кризата со Коронавирусот“, изјави еден од вработените во клубот.

Ливерпул им се приклучи на Тотенхем, Норич, Њукасл и на Борнмут кои исто така ги отпуштија вработените, па ќе имаат обврска да им платат само 20 посто од редовната плата додека се во биро за невработени, а останатите 80 посто ќе им ги плаќа Британската влада.

- Оглас -

Најнови вести