22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Управниот одбор на ФФМ денеска ќе му го продолжи договорот на Милевски за уште две години!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска попладне треба да одржи седница во Кичево, а една од одлуките кои треба да се донесат е наименување селектор на машкиот А тим бидејќи на Благоја Милевски му истече стариот договор.

Иако многумина сметаат дека Милевски веќе не треба да ја врши функцијата, сепак челниците на ФФМ и некои од клучните играчи имаат доверба во него и за очекување е да добие нов двегодишен договор, па тој останува селектор и во следниот период.

Се шпекулира дека со новиот договор, месечната плата на Милевски ќе биде околу 10.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести