Урнат 14 години стариот македонски рекорд во скок во височина

Михаела Лазаровска од атлетикскиот клуб Центар направи подвиг на атлетскиот младински Куп на Македонија, кој викендов се одржа на арената „Тодор Проески во Скопје“. Во дисциплината скок во височина, Лазаровска го урна 14 години стариот рекорд што го држеше Сања Илиева од АК Кавадарци.

Лазаровска успеа да прескокне 167 сантиметри и за еден сантиметар го надмина постигнувањето на Илиева поставено во 2007 година.

На младинскиот Куп на Македонија имаше натпреварувачи во вкупно 16 дисциплини, а учествуваа по девет тима во машка и женска конкуренција.

Севкупен победник на младинскиот Куп на Македонија е АК Работнички со 75 бодови, голем дел од нив, или вкупно 59 овој клуб ги освои во машка конкуренција.

На второто место на севкупниот пласман се најде АК Центар со 60 бода, зад него е АК Делта со седум бода помалку, по што следуваат АК Куманово, АК 7-ми Мај, АК Лирија, АК Дрини Старт, АК Олимп и АК Охрид.

Работнички доминираше во машка конкуренција со 59 бода, додека во женска конкуренција убедливо најдобар беше АК Центар со 60 бода. Комплетните резултати од дводневното натпреварување може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести