Урнебес: Прогласувањето на подиумот се претвори во војна со знамињата (Видео)

Светското првенство во туркање на рака за жени во Анталија донесе една необична битка, и тоа на подиум, за време на прогласувањето на најдобрите.

Казахстанките Тјукова и Асанова беа на второ и трето место, па го развеаја знамето на нивната земја. Но, тогаш на највисокото место се искачи победничката Дерја Џерен од Турција и таа немаше место каде да го истакне знамето, па го префрли преку казахстанското.

Сребрената и бронзената не се согласуваа со покривањето на нивното знаме, па го префрлија преку турското и почна комичното надмудрување со знамиња.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1582491565980667909

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести