Доколку 14-те погодоци во 11 меча во ЛШ не се доволни за импресионирање, треба да се знае дека 20-годишниот Халанд со двата гола против Клуб Бриж се израмни со легенди како Адријано и Зинедин Зидан според учинок на меѓународната сцена. Тој е апсолутен рекордер, никој никогаш не броел толку погодоци само по 11 одиграни натпревари во најелитното натпреварување на Стариот Континент.
Вчера по мечот голгетерот на Борусија Дортмунд со урнебесна изјава ги насмеа аналитичарите Џејми Карагер и Мика Ричардс.
„Дадов само два гола, така што вечерва ќе спијам сам“, истакна Халанд, кој порано откри дека по секој постигнат хет-трик, спие со топката во кревет како да му е девојка.
https://twitter.com/UCLonCBSSports/status/1324129351852580866
Како за споредба дека Халанд е на добар пат да биде меѓу најдобрите стрелци во историјата на ЛШ, на Кристијано Роналдо му беа потребни дури 51 меч да забие 14 гола. Најблиску до него е Хари Кејн, кој во 17 средби реализира 14 погодоци во ЛШ.