Новото, 14-то коло на Спортската прогноза на Спорт Манија и Sport Life е достапно до утре на пладне, а во понудата има интересни дуели од топ 5 лигите во Европа, како оној што ќе се игра во Рим помеѓу Лацио и Јувентус или градското дерби помеѓу Леванте и Валенсија.
За да се биде во трка за главната премија мобилен телефон iPhone XS, потребно е да погодите Среќна 13-ка. Добитни се и оние кои на прогнозирањето ќе имаат по 12 и 11 точни фиксови. За нив следуваат ваучери од Sport Life во вредност од по 1.000 и 500 денари.
Важно е да се знае дека од бесплатната Спортска прогноза може само да добиете. Се вжештува битката во Генералниот пласман, може да се случи да го имаме првиот учесник што ќе ја пробие границата од 100 поени, водечкиот има 92, а 90 или повеќе поени имаат точно десетмина учесници во нашата игра.
Прв резервен пар е уште едно големо градско дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед, а колку се важни поените и од двата дополнителни пара на Спортска прогноза, знаат сите учесници што се во игра за шампионската круна во Генералниот пласман и главната премија Смарт ТВ од 48 инчи.
Можност да типувате, но и да се вклучите во играта имате до сабота, до 15.30 часот, до почетокот на првиот меч меѓу Фрајбург и Волфсбург. Едноставно е, не чекајте. Бидете дел од бесплатната Спортска прогноза бидејќи може само да добиете.