34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Уште две Мото ГП трки се одложија

Официјално одложени се трките за Големите награди на Италија и Каталонија, кои беа закажани за 31 мај, односно 7 јуни. Со овие две, вкупно седум трки, вклучувајќи ја и стартната во Катар, нема да се одржат за новата сезона, а тоа значи дека брзинскиот циркус на две тркала нема да биде на програмата најмалку до средината на јуни.

За одложените трки засега немаат одредено нови датуми за одржување, додека организаторите на шампионатот се надеваат дека сезоната ќе почне со германското Гран при, кое е закажано за 21 јуни.

Пандемијата со Коронавирусот веќе извесно време го блокира спортот и во ниту една сфера не е познато кога ќе биде погодно време за првенствата да се вратат во нормала.

- Оглас -

Најнови вести