Уште еден аутсајдер му ја наполни мрежата на Хофенхајм

Хофенхајм е во голема криза и претрпе уште еден тежок пораз, вечерва од Аугсбург на домашен терен со 2:4. Претходно и Мајнц, кој исто како и Аугсбург беше аутсајдер го декласираше Хофенхајм на гостински терен со 5:1, а осмопласираната екипа во Бундеслигата прими дури 13 голови на последните четири меча.

Вечерва контрите на Аугсбург беа убиствени и го декласираа фаворитот.

Филип Макс постигна два гола за Аугсбург, а мрежата на домаќинот ја тресеа и Јенсен и Јаго. Слабите изданија на Хофенхајм продолжија и покрај два постигнати гола вечерва, а стрелци за поразениот тим беа Сков и Локадија.

Хофенхајм е на осмото место со 21 бод по 15 одиграни мечеви, па сега Аугсбург му се доближи на само еден бод разлика на 10. место.

- Оглас -

Најнови вести