Манчестер јунајтед може да го снајде слично сценарио како во потерата по Џејдон Санчо. Желбата на Оле Гунар Солскјер, Џек Грилиш, има понуда од Астон вила да остане и притоа да добие богат договор.
Капитенот на премиерлигашот моментално заработува 65.000 фунти неделно, но таа плата може да се зголеми на високи 200.000 фунти со цел управата на Вила да го убеди Грилиш да остане во нивните редови.
Астон вила претходно обезбеди опстанок во Премиер лигата дури во последното коло, па тоа може да биде причина плус за Грилиш да одбие преселба на „Олд Трафорд“. Јунајтед до пред неколку дена имаше рок да го обезбеди потписот на Санчо, меѓутоа таа мисија заврши безуспешно, а сега сличен исход е можен и во случајот со Грилиш.