Ајакс на „Амстердам арената“ со 5:0 го победи АСВ Ајндховен во меч кој требаше да биде дерби во холандското првенство. За разлика од дербито во Англија, каде што во првото полувреме на Манчестер јунајтед – Ливерпул беа постигнати четири погодоци, на дуелот во Амстердам во првите 45 минути „падна“ само еден гол и не навестуваше дека ќе има дебакл на ПСВ.
Во второто полувреме Халер, Ентони, Класен и Тадиќ ја тресеа мрежата на ПСВ за убедлива победа на Ајакс од 5:0. Погодокот што го постигна Тадиќ беше јубилеен 100-ти и тој стана само вториот српски играч со троцифрен број голови во холандското првенство. Рекордер е Матија Кежман со 105 погодоци.
We told you… #ajapsv
— AFC Ajax (@AFCAjax) October 24, 2021