Уште еден клуб е исфрен од европските купови, а тие ѝ се обратија на Осасуна (Фото)

Екипата на Виртус од Сан Марино е исфрлена од европските купови за оваа сезона откако УЕФА ги санкционира за обложувачки скандал од 2017 година. Од клубот оваа казна ја прифатија иронично и преку социјалните мрежи се обратија до екипата на Осасуна, која исто така е суспендирана и нема да игра европски фудбал оваа сезона.

„Еј, Осасуна, бидејќи УЕФА и двете екипи нè исфрли од Конференциската лига, ајде да ја искористиме оваа прилика и да одиграме пријателски натпревар на дисквалификуваните.“

https://twitter.com/SanMarinoTeam/status/1676717016386871296?s=20

За потсетување, откако Осасуна беше исфрлена од Конференциската лига, од раководството на клубот се обратија до УЕФА со остри критики дека можат да ги казнуваат само малите клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести