22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Уште еден пропуст на ФИФА околу гласањето за најдобар фудбалер

По тврдењата на селекторот на Судан дека гласовите му смениле гласови, ФИФА направи уште еден пропуст околу изборот за најдобар фудбалер за 2019 година, награда која му припадна на Лионел Меси.

Како што изјави капитенот на фудбалската селекција на Никарагва, Хуан Бабера, тој оваа година не добил покана од Меѓународната федерација да гласа, а сепак неговото име е на списокот со капитени и тоа со дадени гласови. Изборот на Барера е следен: пет одат за Меси, три за Мане и еден за Роналдо.

 

„Се изненадив кога го видов моето име на списокот на капитени. Не само што не гласав за Меси, туку воопшто не добив покана оваа година да гласам. Од ФИФА велат дека ми пратиле материјал за гласање во мојата електронска пошта, но јас не добив ништо“, тврди Барера.

- Оглас -

Најнови вести