Уште еден тежок удар за Ливерпул во пресрет на гостувањето кај Астон вила

Ливерпул на гостувањето кај Астон вила вечерва ќе игра без тројца клучни играчи. Нови главоболки на Јирген Клоп му зададе голманот Алисон Бекер, кој се здоби се повреда на последниот тренинг во пресрет на мечот, па местото меѓу диреците ќе го пополни резервниот Адријан.

Од претходно е познато дека Садио Мане, како и новото засилување Тијаго Алкантара се вон комбинација бидејќи се заразија со корона-вирусот.

Дуелот од четвртото коло во Премиер лигата е закажан за 20:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести