10.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Уште еден трипл-дабл за Јокиќ, Денвер се врати од -18 па загуби (Видео)

Никола Јокиќ дојде и до осмиот трипл-дабал сезонава во НБА лигата, но овојпат тоа не беше доволно за победа на Денвер. Србинот имаше ефект од 36 поени, 18 скока и 13 асистенции, но Нагетси загубија пред своја публика од Чикаго со 127-130.

Гостите имаа водство во еден момент и од 18 поени разлика, но Денвер успеа да се врати, да направи пресврт и дојде во водство, но финишот им припадна на кошаркарите на Чикаго, кои беа поснаодливи и знаеја како да го приведат мечот кон својот крај и да победат.

Она што е интересно за овој меч, тројцата најефикасни кошаркари се од поразената екипа. Јокиќ постигна 36 поени, Џамал Мареј два помалку, а Арон Гордон додаде уште 24 поени. Најпрецизни кај Чаикаго беа Досунму и Гиди со по 21 поен.

Резултати:

Кливленд – Милвоки 118-106
Детроит – Индијана 127-112
Филаделфија – ЛА Клиперс 110-108
Мајами – Њујорк 115-113
Торонто – Шарлот 110-108
Минесота – Далас 120-96
Њу Орлеанс – Оклахома 109-126
Денвер – Чикаго 127-130

- Оглас -

Најнови вести