По заминувањето на Трент-Александер Арнолд минатото лето, Ливерпул ќе остане и без другиот бек кој остави белег на „Енфилд роуд“. Капитенот на Шкотска, Ендрју Робертсон, по девет и пол години ќе го напушти Ливерпул и ќе се пресели во редовите на Тотенхем.
Договорот на шкотскиот репрезентативец истекува налето, а неговата вредност е 12 милиони евра, па двете екипи се во напредна фаза од преговорите за негов трансфер уште оваа зима. Секако, обесштетувањето ќе биде помало од неговата моментална вредност.
Робертсон пристигна во Ливерпул летото 2017 година од редовите на Хал само за девет милиони евра и изминатиот период забележа 363 настапи во црвениот дрес, на кои имаше ефект од 12 гола и 68 асистенции.
Претходно во кариерата настапуваше за шкотските Данди јунајтед и Квинс парк.

