Уште не заиграл во НБА, а веќе урива рекорд на Дончиќ

Усман Гаруба, 19-годишниот крилен центар на Реал Мадрид, кариерата ја продолжува во редовите на Хјустон рокетс, преселба со која ќе се урне еден рекорд на Лука Дончиќ.

Станува збор за обештетување од три милиони долари, сума од која Гаруба ќе се откаже за да го реализира ангажманот во франшизата од Тексас, што е за еден милион долари повеќе од износот кој Дончиќ го проследи на Кралевите од својата плата, кога беше избран како трет пик на Далас на драфтот во 2018 година.

Гаруба беше 23-ти избор на последниот драфт, а преку „Барата“ се сели со реноме како еден од најдобрите млади кошаркари во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести