Заборави да заврши работа во соблекувална – Судија во Бразил уринираше на терен, помошничката побегна (Видео)

Главниот судија Денис Да Силва Рибеиро Серафим пред почетокот на мечот меѓу Гоијас и Боависта не можеше да издржи, па уринираше на центарот на теренот, а не стаса ниту да ги соблече шорцевите, па сцената што е фатена на камери е несекојдневна.

Без многу проблеми си ја заврши работата, а интересно е што на мечот му помагаше дамата Бригида Чирило Фереира, која културно го заврте грбот и си замина на својата позиција, како аутриктер.

Боависта победи со 3:1, но шоуто го украде судијата Денис Серафим, а видеото што е објавено е хит на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести