Последните подготовки за дуелот меѓу Македонија и Италија на Арената „Тодор Проески“ се во полн ек. Македонските репрезентативци денеска го имаа собирот, а најголем проблем околу овој меч е теренот на нашиот најголем стадион.
Повеќе од еден месец, Арената е затворена со цел да се коригира теренот и да биде достојно место да го угостиме актуелниот европски првак Италија. Според тоа што денеска успеавме да го видиме, теренот на стадионот е во многу подобра состојба од тоа што беше пред еден месец, но останува на 9 септември да се види дали тоа ќе биде доволно за добар настап на фудбалерите.
На фотографиите може да видите како изгледаше теренот денеска, а ТУКА може да видите каков беше теренот на Арената пред само еден месец.
Според најавите, италијанските фудбалери најавиле дека нема да тренираат на Арената на еден ден пред мечот, како што е вообичаена пракса, туку ќе имаат само 15-минутна прошетка на теренот.