Остануваат само уште 24 часа до почетокот на новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Тоа значи дека имате уште малку време да ги пополните вашите бесплатни типови и да влезете во конкуренција за одлични подароци од Sport Life.
Според она што досега до типуваа играчите на Спортската прогноза, сигурици за викендов се победите на Валенсија, Болоња, Фрајбург и Хофенхајм, додека нерешен исход се очекува на вечното македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар, како и на мечот помеѓу Тулуз и Брест.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.