„Стад Жерлан“ во Лион е местото каде што Роберто Карлос го испука најпознатиот фудбалски куршум од слободен удар, а спектакуланиот гол и ден денеска по 23 години се прераскажува.
Бекот на Бразил со страотен слободен удар од околу 35 метри, што се коси со сите правила на физиката, ја затресе мрежата на Фабиен Бартез, а топката имаше чудна траекторија и одеднаш го смени правецот и заврши во мрежата, иако се чинеше дека оди надвор од голот.
https://www.youtube.com/watch?v=3ECoR__tJNQ
Карлос, кој беше вистински мајстор за слободни удари и бек со топ во нозете, постигнуваше спектакуларни голови во кариерата, а овој на фудбалскиот „Тур де Франс“ на 3 јуни во 1997 година е еден од најубавите во историјата на играта.