21.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Уште сега се знае кој ќе биде прв во Франција, втор во Англија и трет во Шпанија?

Клупскиот фудбал во Европа се враќа на голема врата, денеска стартуваат новите сезони во англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига и француската Лига 1.

Ова значи дека и во Sport Life до попладнево или вечерва имате можност да уплатите кој ќе биде шампион во секоја од тие лиги.

Квотите за Премиер лигата велат дека прв кандидат за шампионскиот трофеј е актуелниот првак Ливерпул, кој летово потроши многу пари за освежување на тимот. Главен конкурент треба да му биде „вечно вториот“ Арсенал, кој исто така сериозно се засили и има големи амбиции, а Манчестер сити, кому му се враќа Родри и би требало да го земе голманот Донарума, е трет фаворит.

Фаворит од сенка е Челзи, а петти фаворит е Манчестер јунајтед, кој никој не го става во прв ред по минатата сезона, во која беше 15-ти и остана без место во Европа. За Њукасл, Тотенхем и Астон вила борбата ќе биде за излез во Европа, за титула тешко.

Во Шпанија како и речиси секогаш, се знае, Реал Мадрид и Барселона се топ фаворити, а Атлетико е „фикс“ за третата позиција. За некои Реал ќе се врати на тронот, за други Барса ќе остане неприкосновена, па може да се обложите на вашиот фаворит.

Во Франција огромна е разликата во квалитет помеѓу ПСЖ и останатите. Тоа се гледа и во квотите за првак. За сите други екипи освен за ПСЖ, квотите се 14.0 или поголеми. Монако и Марсеј треба да бидат предизвикувачи, но се чини второто место ќе им биде највисоко што може да стигнат.

- Оглас -

Најнови вести