Украинскиот боксер Олександр Усик (37) вечерва во Ријад оствари победа против Британецот Тајсон Фјури (37), задржувајќи три од четирите главни појаси за светски првак во тешка категорија. Во негова сопственост остануваат појасите во ИБО, ВБЦ и во ВБО.
Усик триумфираше по 12 рунди, а конечната одлука на судиите беше едногласна во негова корист. Ова е втор пораз за Фјури од Усик, откако и во нивниот прв меѓусебен дуел Украинецот славеше со судиска одлука и стана апсолутен светски првак. Сепак, поради специјалните правила на ИБФ организацијата, Усик го загуби тој појас, кој не беше во игра на вечерашната борба.
Борбата започна претпазливо, со малку удари во првата рунда. Во втората рунда, главен момент беше левото кроше на Фјури кое го потресе Усик, но Украинецот брзо се опорави. Фјури доминираше во третата рунда со серија силни удари, но Усик со одлична работа со нозете успеа да избегне поголем дел од нив.
🚨‼️USYK BEATS FURY AGAIN‼️🚨
— BOXING n BBQ (@BOXINGnBBQ) December 21, 2024
116-112 X 3!!!
He retains the IBO, WBC, and WBO belts!
USYK moves to 23-0!
What a career!
Thoughts on scorecard⁉️⁉️⁉️#BOXINGnBBQ#Boxing#UsykFury2 pic.twitter.com/iEA4xtX6gg
Четвртата рунда повторно беше тактичка, со мал ризик од двата борци.
Најдобрата рунда за Фјури беше петтата, кога повторно го потресе Усик. Но, Украинецот одговори со силен перформанс во шестата рунда, а во седмата значително го зголеми темпото, со што Фјури веќе не можеше да доминира.
Во осмата рунда Усик продолжи со притисокот, кој само се зголемуваше како што борбата се ближеше до крајот.
И покрај тесниот резултат, Усик успеа да ја задржи контролата во клучните моменти од борбата. Десеттата рунда му припадна на Фјури, но Украинецот во единаесеттата и дванаесеттата рунда го покажа својот целосен потенцијал, завршувајќи ја борбата доминантно и освојувајќи ја наклонетоста на судиите.