Усик и Фјури повторно ќе ги вкрстат ракавиците во рингот

Олександр Усик и Тајсон Фјури повторно ќе боксуваат во Саудиска Арабија, потврди промотерот на англискиот боксер, Франк Ворен. Во клаузулата за првиот меч имаше клаузула за реванш, која сега е активирана од страна на Фјури, кој загуби на поени од Усик.

 

Засега не е познат датумот кога повторно Усик и Фјури во рингот ќе ги вкрстат ракавиците, но се шпекулира дека тоа ќе биде во октомври, и тоа во Ријад, Саудиска Арабија, каде што минатиот викенд се одржа првиот боксерски меч.

- Оглас -

Најнови вести