Усик повторно го победи Џошуа: Победа за мојата Украина, сега на ред е Фјури!

Украинецот Олександр Усик повторно го победи Британецот Ентони Џошуа, а триумфот и го посвети на својата родна земја. Овојпат одлуката на судиите не беше едногласна, но двајца беа за Усик, а еден за Џошуа.

Следен чекор на Усик може да биде битка со Тајсон Фјури за комплетирање на петте појаси во петте верзии во тешка категорија. Сега Усик има четири (ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО), а Фјури еден појас и тоа во ВБЦ верзијата.

„Оваа победа им ги посветувам на мојата земја, на семејството и на сите кои ја бранат Украина овие месеци“ – рече Усик.

Следна цел на Усик му е да боксува против Фјури. „Кралот на циганите“ треба до 26-ти август да потврди дали и понатаму ќе ја продолжи кариерата и кој ќе му биде следен противник во битка за титулата во ВБЦ.

„Сигурен сум дека тој нема да се пензионира. Сакам да се борам против него, знам дека и тој сака да се соочи со мене. Ако не се борам против Фјури, нема да се борам веќе против никого“ – најави Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести