Украинскиот боксер Олександр Усик е голем фаворит според квотите во Sport Life за победа на вечерашниот мега дуел со Даниел Дубоа во Лондон за титулата апсолутен првак во тешка категорија.
Победникот ќе ги има шампионските појаси од сите четири верзии во светскиот бокс. Дубоа е Британец, веројатно ќе ја има поддршката од трибините на „Вембли“, Британците од 1999 чекаат да имаат боксер кој ќе биде првак во сите верзии, но тој пред две години загуби со нокаут од Усик, а Украинецот и сега е фаворит. На мерењето се покажа дека Дубоа е потежок за 7,5 килограми.
Усик кој нема пораз во кариерата, испрати порака до своите фанови и сонародници:
„Драги Украинци, навивачи, пријатели и непријатели, сакам да ви се заблагодарам за вашата поддршка и за тоа што ме мотивирате. Ве сакам сите. Оние што ме критикуваат можеби ги сакам малку повеќе, бидејќи ми даваат уште поголема сила. Се шегувам, сите ги сакам. Слава на Украина. Слава на Бога“, рече Усик.