Украинскиот боксер Олександр Усик со нокаут во петтата рунда против Даниел Дубоа потврди дека е најдобар во тешка категорија, и стана првиот во историјата што по вторпат станал апсолутен шампион, собирајќи ги сите четири појаси.
Усик беше првак во верзиите ВБА, ВБЦ и ВБО, а сега го има појасот и од ИБФ. Борбата се одржа на „Вембли“ во Лондон, практично на гостински терен, бидејќи Дубоа е Британец.
„Имам 38 години, сè уште сум млад човек. 38 години се само почеток. Кој е следен? Не знам, сакам да си одам дома и да се релаксирам. Сакам повторно да ги видам сопругата и децата. Ќе видиме што ќе се случи за 2-3 месеци. Можеби ќе биде Тајсон Фјури. Имаме опции, Џошуа, Чисора, или можеби Џозеф Паркер?“, рече Усик во рингот по победата.
Нокаутот погледнете го ТУКА.
Усик на 24 професионална борба има 24 победи (15 со нокаути), додека за Дубоа, ова е трет пораз покрај 22 победи (21 со нокаут).