5.7 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Утката на Жегрова уште долго ќе ги прогонува фановите на Јуве (Видео)

Во Јувентус ги боли елиминацијата од Галатасарај, но горди се на себе што и со човек помалку дадоа два гола и се изборија за продолженија откако првиот меч во Истанбул го загубија со 2-5.

Во екстра периодот, при резултат 3-0, Јуве прв имаше голема шанса. Бјанконерите беа во налет, а ако Едон Жегрова погодеше за 4-0, веројатно Галатасарај ќе беше нокаутиран. Но, топката мина покрај стативата, а фановите и самиот Жегрова, кој не можеше да си прости, уште долго ќе се прашуваат што ќе беше ако дадеше гол.

По ова, Галатасарај се крена, Јуве беше не беше истиот, па Турците дадоа два гола со кои го обезбедија местото во осминафиналето.

Утката на Жегрова погледнете ја ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести