Утнатиот пенал, скапо го чинеше Барнли

Фудбалското непишано правило дека кога шансите нема да се искористат, доаѓа казна, се потврди и попладнево на мечот Вест Хем – Барнли од англиската Премиерлига.

Иако беа шокирани од повредата на нивниот соиграч Ешли Вествуд, кој се здоби со скршеница на ногата, играчите на Барнли поведоа со 1-0, имаа и пенал за 2-0. После утнатиот пенал, работите се свртеа, Чеканите изедначија со гол на Соучек, а Вест Хем можеше и да победи ако не беше расположениот голман Поуп.

Барнли има три бода помалку од Евертон, а Карамелите имаат и меч помалку. Со победа денеска, опстанокот ќе изгледаше пореален за Барнли, вака, ќе биде тешко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести