Утре ќе биде и битка на искуство против младост: Аргентина го има најстариот, Македонија најмладиот состав на СП!

Репрезентацијата на Аргентина го има највозрасниот, а Македонија најмладиот состав според просечната старост на ракометарите на ова Светско првенство.

Затоа утрешниот дуел од 18 часот за влез во втората фаза на СП и селидба од Краков во Катовице ќе биде и пресметка на младост против искуство.

Аргентинците во просек се на возраст од 29,9 години, а во македонскиот тим просечната возраст на играчите е 25,2 години.

Најблиску до Аргентина се Шпанците со просек од 29,8 години, а 29 години и над тоа се и Швеѓаните, Унгарците и репрезентативците на Зеленортските Острови.

Просек под 26 години, освен Македонија, имаат само уште САД и Тунис како три најмлади селекции на првенството.

- Оглас -

Најнови вести