Утре почнува СП во снукер, Рони О‘Саливен со можеби последен обид за рекордна осма титула

Најдобриот и најпопуларен снукер играч на сите времиња, 49-годишниот Рони О’Саливен, потврди дека донел конечна одлука да се натпреварува на Светското првенство во снукер во потрага по рекордната осма титула (по седум титули имаат тој и Стивен Хендри) во „Крусибл“ театарот во Шефилд.

Ракетата како што го нарекуваат Англичанецот, нема играно официјален меч уште од јануари, а во првото коло на СП ќе се сретне со стариот ривал Али Картер кого двапати го победуваше во финалињата на СП.

Светското првенство во Шефилд започнува утре во 11 часот, и ќе трае до 5-ти мај, а битката на О’Саливен против Картер ќе почне во вторник.

Актуелен светски првак е Кајрен Вилсон кој го отвора првенството и утре од 11 одбраната на титулата ја почнува против еден од десетмината Кинези на СП, Леи Пеифан.

Мечевите од СП во снукер ги има и во понудата за обложување на Sport Life, па ако имате свои фаворити, може да уплатите и да чекате добивка. Првото коло се игра во 10 добиени фрејмови.

- Оглас -

Најнови вести