3.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Утрешната ждрепка за ЛШ ќе открие многу, но не сè

Утре напладне во Нион ќе се изврши ждрепката за плејофот за осминафинале во фудбалската Лига на шампиони и тоа ќе биде претпоследно извлекување за оваа сезона.

Екипите кои завршија од деветтото до 24-тото место на табелата ќе мора да одиграат уште два меча за да влезат во осминафиналето, во кое директно се екипите кои беа на првите осум места. Минатата сезона ПСЖ беше 15-ти во лигашкиот дел, а на крајот ја освои титулата и тоа покажува дека можеби повторно меѓу тимовите од баражите се крие идниот освојувач на „ушлестиот“ трофеј, кој е најпосакуван во клупскиот фудбал.

Во плејофот за осминафинале можни се неколку интересни дуели, како Бенфика – Реал Мадрид, Бенфика – Интер, ПСЖ – Монако, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен, Јувентус – Галатасарај…

Првите дуели од плејофот се играа на 17 и 18 февруари, а реваншите на 24 и 25 февруари. Потоа, откако ќе се знаат сите 16 осминафиналисти, ќе следува нова ждрепка на 27 февруари, кога екипите ќе си ги дознаат потенцијалните противници со кои би се сретнале до финалето на 30 мај во Будимпешта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести