Фудбалер во северниот дел на Уганда почина, откако бил претепан од неговите соиграчи. Овој неверојатен настан се случил неодамна, откако 22-годишниот играч на пријателски локален натпревар играл лошо во одбрана, па соиграчите безмилосно го „казниле“.
Покојниот се вика Черчил Оваси, а колегите го убиле од ќотек поради грешка во одбраната, после која примиле гол. Полицијата објави дека истрагата е во тек, а уапсени се двајца фудбалери кои се осомничени.
Според извештаите, Оваси откако бил нападнат на терен, после мечот турнал од велосипед еден од тепачите. Ова ги налутило соиграчите кои почнале нова рунда тепање и за жал тоа имало кобни последици. Несреќниот фудбалер починал во болница, неколку часа по инцидентот.