Ужас: му влегле дома, го ограбиле и претепале легендарниот Роберто Баџо!

Група од пет вооружени бандити го ограбиле, а потоа и го претепале некогашниот најдобар фудбалер на светот, Роберто Баџо, за време на мечот помеѓу Шпанија и Италија.

Ова се случило во домот на Баџо во Алтавила Вичентина, додека славниот Баџо гледал фудбал со своето семејство.

Натрапниците ја совладале легендата на Аѕурите и неговите најблиски, а кога се обидел да возврати, се здобил со длабока рана на главата откако бил удрен со кундак од пиштол. Баџо и неговото семејство потоа биле заклучени во соба.

Криминалците го ограбиле домот на 57-годишниот Баџо, при што украле пари, лични работи, часовници и други вредни предмети. Подоцна Баџо ја скршил вратата и повикал полиција, откако натрапниците си заминале.

Баџо брзо бил однесен во собата за итни случаи во болницата во Арзињано, каде му била укажана помош и добил конци за закрпување на раната на челото. Полицијата земала изјави од семејството Баџо и ќе ги гледа снимките од камерите за да ги пронајде криминалците.

- Оглас -

Најнови вести