0.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Како Ноле воопшто стоеше на нозе? Стапалото на Србинот е во страшно лоша состојба (Фото)

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако неговиот противник Лоренцо Музети го предаде мечот. Италијанецот водеше со 2:0 во сетови, но поради повреда и болки во бутниот мускул, едноставно немаше сили да го доигра мечот на кој беше на прагот од триумф, па на крајот Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето, каде што го чека подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.

Интересно е дека Ѓоковиќ беше прв кој побара медицински тајмаут и тоа беше по завршувањето на вториот сет, која Музети го доби за водство од 2:0. Новак се пожали на болки во стапалото поради плускавци.

Сепак, и покрај тие болки, Ѓоковиќ во третиот сет започна многу подобро и водеше со 3:1 во гемови, кога Музети се пожали на болки во бутниот мускул и побара медицинси тајмаут.

На крајот, Италијанецот едноставно не успеа да ги издржи болките во мускулот и мораше да го предаде мечот, па Ѓоковиќ иако играше со „распукано“ стапало поради плускавците, успеа да издржи и на крајот оди понатаму на турнирот кој го има освојувано рекордни 10 пати.

По мечот, Ѓоковиќ призна дека Музети бил многу подобар на теренот и дека доколку немал повреда, Италијанецот ќе победел.

- Оглас -

Најнови вести