Вајда ги објасни поразите на Ѓоковиќ и најави која му е целта за 2021 година

Новак Ѓоковиќ шести пат во кариерата календарска година завршува на првото место на АТП-листата на најдобри светски тенисери и се изедначи со Пит Сампрас. Тренерот Марјан Вајда по успешната година на Србинот, ги откри плановите на Новак за 2021.

„Исполнета е целта 2020 да се заврши на прво место. Бев загрижен дали ќе биде спремен бидејќи имаше корона-вирус, но го освои Синсинати, а можеше и Отвореното првенство на САД ако не беше онаа несреќа во осминафиналето. На Ролан Гарос беше ладно и ветровито, велеа дека тоа му одговара на Новак, а Рафа одигра неверојатно. На крајот на годината ја немаше истата мотивација, малку му фалеше да го победи Тим во Лондон по 4-0 во тај-брејкот. За 2021, ќе се фокусира исклучиво на гренслемите за да им се доближи на Федерер и Надал“, вели Вајда.

 

- Оглас -

Најнови вести