Вајналдум го испофали соиграчот: Верати е на исто ниво како Меси и Роналдо

Лео Меси и Кристијано Роналдо се можеби и најдобрите двајца фудбалери во историјата на овој спорт.

Двете фудбалски икони и во четвртата деценија од своите животи „газат“ по терените и постигнуваат одлучувачки голови а летово ги заменија клупските бои.

Роналдо од Јувентус се врати во Манчестер јунајтед, додека, пак, Меси ја напушти Барселона и прејде во редовите на ПСЖ.

Токму друг новодојденец во овој тим, Џини Вајналдум даде интересна изјава за медиумите во која го стави својот соиграч Марко Верати на исто ниво со Меси и Роналдо.

„Сметам дека Верати е на исто ниво како Меси и Роналдо. Тоа што го прави на тренинзите и натпреварите е неверојатно.

Истото можам да го кажам за мојот поранешен соиграч Вирџил ван Дајк кој дефинитивно ќе замине во историјата како еден од најдобрите дефанзивци“ кажа Вајналдум.

Холандскиот репрезентативец летово во ПСЖ пристигна како слободен агент откако му истече договорот со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести