Џејкоб Вајли уште еднаш беше на нивото на задачата. Максимално професионално ги одработи сите минути на теренот. Но, на крајот неговиот индвидуален, но и колективниот напор на нашиот сениорски тим не донесоа резултат на гостувањето во Орадеа.
Романија беше подобра од нас, победи по вторпат, скоро на идентичен начин како и пред десетина дена во Куманово.
„Сите во репрезентацијата работеа навистина напорно на подготовките и јас сум благодарен за времето што го поминав овде. Имаме млади кошаркари, екипа која е во создавање и горд сум на нашето издание против репрезентација како Романија, која има искусни играчи и одличен селектор. Не се откажавме во ниеден момент, верувавме во победа и сите заслужуваат честитки за тоа“, вели Вајли.
Нашето силно крило гледа доста позитивни моменти во играта на овој млад тим, кој е во фаза на создавање.
„Натпреварот заврши како што требаше, Романија заслужи да победи бидејќи ние направивме многу грешки. Не е оправдание, но како што кажав, нашите кошаркари се млади, уште учат и собираат искуство. Во споредба со претходниот натпревар, бевме многу подобри, тогаш загубивме со 40 разлика, а сега до крајот бевме во игра за победа. Се доближивме на еден посед и можевме да дојдеме до победата. За мене тоа е голем чекор напред“. рече Вајли по натпреваарот во Орадеа.