Огромен шок се случи на денешните квалификации во Сингапур пред утрешната трка од Формула 1 шампионатот. Пилотите на Ред Бул, не беа ни меѓу првите 10, па Макс Ферстапен ќе тргне утре дури од 11-тата позиција, а Серхио Перес како 13-ти.
На пол-позиција ќе биде Шпаненцот Карлос Саинс од Ферари, кој по петти пат во кариерата, а втора трка по ред е во ваква ситуација. Второ време имаше Џорџ Расел од Мерцедес, а трети е Шарл Леклер од Ферари.
Инаку, голем инцидент се случи во првата сесија кога Ленс Строл од Астон Мартин го смачка својот болид, но за среќа, Канаѓанецот немаше никаква повреда.
Ферстапен има серија од дури десет победи по ред, но ќе треба да се случи чудо за таа негова победничка низа да продолжи.