По завршувањето на натпреварот со Пелистер на кој извојуваа голема победа од 4-1, фудбалерите на Вардар се упатија кон западната трибина на Националната Арена каде беа нивните најгласни фанови, Комитите.
Оваа слика ги стопли срцата на сите на кои Вардар им е омилен клуб. Вардар за сезонава најавува борба за титулата во Првата лига, а стартот на сезоната речиси и да не можеше да биде подобар.
Вардар цели 30 сезони немал олку убедлив лигашки триумф над битолчани. Најголемата победа во меѓусебните дуели е 7-0, имало и 5-3, 4-0, 3-0, а ова вечерва беше како честитка за сите кои дојдоа да го бодрат најтрофејниот македонски клуб кој се враќа на патеките на успехот.