Вака го личи Мундијалот: Нов луд меч, овојпат за радост на Црните ѕвезди (Видео)

Гана ја победи Јужна Кореја со 3:2 во меч на кој имаше многу возбудувања, а на крајот се радуваа Црните ѕвезди. Со оваа победа Гана стигна до првите три бода во групата, во која во првото коло со 2:3 загуби од Португалија. Јужна Кореја остана на ремито од првото коло против Уругвај, кој вечерва игра против фаворизираната Португалија.

Гана одигра одлично прво полувреме против Јужна Кореја и со головите на Салису и Кудус имаше предност од 2:0 по првите 45 минути. Јужна Кореја не се предаде и селекцијата од Азија со фуриозни неколку минути стигна до 2:2 благодарение на двата гола на Чо Гу-Сунг.

Нова радост за Гана и водство од 3:2 донесе Кудус со својот втор гол, овојпат постигнат во 68-мата минута. Јужна Кореја не се предаде, имаше неколку шанси да стигне до 3:3, но дефанзивата на Гана одолеа на нападите на противникот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести