Во моментите додека се игра Европското ракометно првенство, во остатокот од светот репрезентациите исто така се активни.
Во Јужна и Средна Америка се игра тамошниот шампионат, каде што учествуваат селекциите на Аргентина, Бразил, Уругвај, Парагвај, Костарика, Чиле и Боливија, додека репрезентацијата на Колумбија го откажа својот настап поради голем број заразени со ковид-19.
Тие се поделени во две групи, а во првата играат Аргентина, Уругвај и Боливија.
Боливијците го завршија својот настап откако вчера загубија од Уругвај со 42:9, а ако ви се чини дека тоа е огромен пораз, од Аргентина загубија со неверојатни 70:8, односно во просек примале гол отприлика на секои 50 секунди.
Како изгледа сето тоа, погледнете во видеото.